Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

2 Samuel 9

:
Macedonian - MKB
1 Еден ден Давид праша: „Има ли уште некој преживеан од Сауловата куќа, за да му направам милост заради Јонатана?”
2 А во Сауловата куќа беше слуга по име Сива: него го повикаа пред Давида, и царот го праша: „Ти ли си Сива?” А тој одговори: „Јас сум, твојот слуга!”
3 А царот продолжи: „Зар нема веќе никој од Сауловата куќа, за да му искажам Божја милост?” А Сива му одговори на царот: „Има уште Јонатанов син, кој е хром на двете нозе.”
4 Царот го праша: „Каде е тој?” А Сива му одговори на царот: „Ене го во куќата на Махир, синот Амилов, во Ло Девар.”
5 Тогаш царот Давид испрати по него во куќата на Махир, синот Амилов, од Ло Девар.
6 Кога Мефивостеј, синот Јонатанов, синот Саулов, дојде кај Давида, падна ничкум и се поклони. А Давид рече: „Мефивостеју!” Тој одговори: „Еве го твојот слуга!”
7 А Давид му рече: „Не бој се, зашто сакам да ти искажам милост заради твојот татко Јонатан. Ќе ти ги вратам сите ниви на твојот дедо Саул, а ти секогаш ќе јадеш леб на мојот стол.”
8 Мефивостеј се поклони и рече: „Што е твојот слуга та му искажуваш почит на пцовисан пес каков што сум јас?”
9 Потоа царот го повика Сива, Сауловиот слуга, и му рече: „Сè што им припаѓаше на Саула и на неговата куќа, сето тоа му го давам на синот на твојот господар.
10 Ти, со своите синови и со своите слуги, ќе му ја обработуваш земјата, од неа ќе ја собираш жетвата за да има леб семејството на твојот господар; а Мефивостеј, синот на твојот господар, секогаш ќе јаде на мојот стол.” А Сива имаше петнаесет синови и дваесет слуги.
11 Сива му одговори на царот: „Твојот слуга ќе направи сè што мојот господар и цар му заповеда на својот слуга.” И така, Мефивостеј јадеше покрај Давидовиот стол, како еден од царските синови.
12 Мефивостеј имаше мал син по име Миха. А сите кои што живееја во Сивината куќа беа во служба на Мефивостеј.
13 А Мефивостеј престојуваше во Ерусалим, зашто секогаш јадеше на царскиот стол. Беше хром на обете нозе.